Хрватите негодуваат на концертите на Александра Пријовиќ: „Системски план на српскиот свет“

Од:

Пејачката Александра Пријовиќ закажа два концерта во Сплит, за 9 и 10 ноември, но бројни хрватски здруженија изразија незадоволство од нејзиниот настап.

Координацијата на здруженијата на Сплит и Сплитско-далматинската жупанија, како и на Здружението на ветерани од 4-та гардиска бригада, изрази незадоволство од датумот на концертите на пејачката Александра Пријовиќ во Сплит, кои ќе се одржат во ноември на во пресрет на Денот на сеќавање на жртвите од Татковинската војна.

На прес-конференцијата рекоа дека „во годината кога се одбележуваат 500 години од смртта на таткото на хрватската литература Марко Марулиќ, сведоци сме на обновен обид за „културно издигнување“ на граѓаните на Сплит и неговата околина со наметнување на музичка и културна содржина на Србија“.

„Србија систематски спроведува долгорочен и детален план на „српскиот свет“, вклучително и со присвојување на хрватските културни дејци како Гундулиќ и Марулиќ“, рече нивниот претседател Иван Турудиќ, додавајќи дека не се изненадени од манипулацијата, лажењето и намерен избор на датуми за концерти во пресрет на Денот на сеќавање на жртвите од Татковинската војна и Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар и Шкабрња.

Сметаат дека Градот Сплит и организаторите требало да ги закажат концертите во друг тајминг, но велат дека не бараат забрана за концерти, туку промисленост на тие што ги организираат.

Не ставајте сол во раната на семејствата на загинатите војници и на сите Хрвати“, рече Турудиќ.

Би можело да ве интересира

Интерпол го одби барањето на БиХ за распишување меѓународна потерница за Додик

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Австриски „Дер Стандард“: ЕУ смета дека за апсењето на Додик „не вреди да се вложи труд “

Предраг Петровиќ

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

Додик: Единствено решение за БиХ е или нов договор или разделба