Христодулос Ксирос е обвинет за „раководење на терористичка организација“

Од:

Грчкиот терорист Христодулос Ксирос, кој беше уапсен во саботата во близина на Атина, една година по неговото бегство од затвор, е обвинет вчера за „ракововодење на терористичка организација“, која е осомничена за подготовка на напад.

– Оваа организација, која е непозната досега и со неидентификувани членови, поседувала експлозивни направи, наменети за напади врз луѓе и објекти, истакнал судијата, кој го прочитал обвинението против 56-годишниот Ксирос, пренесува БТА.

Според грчките власти, поранешниот член на грчката терористичка организација „17 ноември“ се подготвувал да организира напади врз затворот во Атина, најверојатно со автомобил-бомба. Грчките единици за борба против тероризмот се во потрага по негови соучесници.

– Револуција ќе се случи, без разлика дали тие сакаат или не. Нема друг избор, изјави вчера Ксирос по неговото излегување од судот во присуство на голем број полициски службеници.

Тој има шест пресуди за учество во шест убиства и други терористички дејности.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит