Хоспитализиран Албин Курти поради грип

Од:

Лидерот на косовската опозициска партија Движење Самоопределување (ВВ) Албин Курти е хоспитализиран денеска со симптоми на сезонски грип на инфективното одделение на Клиничкиот универзитетски центар на Косово (ЌКУК), јави дописникот на МИА од Приштина.

Информацијата ја објави членот на партиското раководство Арбен Витија, кој изјави дека Курти имал висока температура и општа вирална состојба и е одведен во ЌКУК „за секој случај“.

Тој нагласи дека состојбата на лидерот на ВВ веќе е стабилна и се очекува наскоро да биде пуштен дома.

– Почитувани пријатели, откако многумина од вас се јавувате по телефон за да прашате, ве информирам тука. Албин утрово имаше здравствени проблеми, поради грип. Благодарение на грижата на лекарите во итната служба и на инфективната клиника во ЌКУК, неговата состојба сега е постабилна. За него се грижат лекарите, семејството и активистите. Имајќи предвид дека сите испитувања се добри, се надеваме дека ќе излезе многу брзо, напиша Витија на „Фејсбук“.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина