Премиерот на Холандија Марк Руте денеска пристигнува во Софија, соопшти прес-службата на бугарската влада.
Бугарскиот премиер Кирил Петков ќе се сретне со неговиот холандски колега Марк Руте. Двајцата ќе разговараат „лице в лице“ по пленарната средба на двете делегации. Разговорите меѓу Петков и Руте ќе се фокусираат на можностите за продлабочување на билатералните односи, како и на актуелните прашања од европската агенда, вклучително и во контекст на војната во Украина, јави дописникот на МИА од Софија.