Хоџај најави дека Косово ќе бара прием во Советот на Европа

Од:

Косово во текот на декември ќе поднесе барање за прием во Советот на Европа, најави косовскиот министер Енвер Хоџај, а српските медиуми пишуваат дека такво барање се уште не е поднесено.

Хоџај кажа дека Косово ќе го иницира приемот во декември или најдоцна јануари. Тој смета дека Косово може да стане членка на Советот на Европа во рок од две години, имајќи го во предвид престојниот период, во кој претседавачи со Советот ќе бидат земји кои го признале Косово.

– Процесот би подразбирал исполнување на критериуми во областа на владеењето на правото и човековите права, додаде Хоџај.

Одлука за прием во Советот на Европа треба да донесат Комитетот на министри и Парламентарното собрание на Советот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија