Хоџа: Евроатлантските интеграции на Косово се гаранција за безбедноста на регионот

Од:

Министерката за европски интеграции на Косово Дурата Хоџа, на денешната средба со командантот на меѓународните сили на НАТО во Косово, КФОР, Лоренцо Д’Адарио, изјави дека евроатлантските интеграции на Косово се гаранција за безбедноста во земјата и во регионот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Хоџа на својот профил на Фејсбук објави дека со неодамна именуваниот нов командант на КФОР разговарала за безбедноста и безбедносните предизвици во регионот, како и за „сигурноста што им ја влеваат меѓународните сили на граѓаните на Република Косово“.

– Ние сме благодарни за тоа што КФОР ѝ пружи сигурност и мир на нашата земја. Исто така, нагласив дека евроантлантскиот интегрирачки процес претставува единствена гаранција за опстоен мир и стабилност во регионот, напиша Хоџа, нагласувјаќи дека во Косово постои национален и партиски консензус за евроатлантските интеграции на земјата.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски