Полицијата во Србија злоставува и навредува мигранти, како и лица кои бараат азил не им обезбедува заштита и ги протерува од државата, соопшти организацијата „Хјуман рајтс воч“ и ги повика властите во Белград да спроведат истрага и одговорните да ги изведе пред лицето на правдата.
Според наводите активисти на ХРВ разговарале со мигрантите кои ги опишале навредите, заканите и ускратувањето на специјалните мерки за заштита на деца без придружба.
-Властите во Србија би требало да им овозможат заштита на миграните, меѓу кои има и деца кои бегаат од војна и прогон, а не да дозволуваат полицијата да врши насилство над нив- изјави за „Бета“, Емина Ќеримовиќ од ХРВ.
Од ноември 2014 година, до јануари 2015 година ХРВ, на повеќе локации во Србија и Македонија разговарале со мигранти и откриле дека најмногу биле злоставувани во Суботица, како и на југ и исток на Србија но и во Белград.
Е.Г.