Хисени: Во Сирија војуваат повеќе од 100 граѓани на Косово

Од:

Косовскиот министер за внатрешни работи Скендер Хисени денеска изјави дека, според податоците на Министерството, моментно на страната на терористичките организации во Сирија војуваат повеќе од 100 граѓани на Косово, додека 40 се загинати.

Тој сепак нагласи дека засега на Косово не му се заканува опасност од верски екстремизам.

– Злосторствата, како што се тероризмот, трговијата со луѓе и шверц на дрога се феномени со кои е многу тешко да се борите без меѓународна соработка, а најдобар начин е целосно зачленување на Косово во меѓународните организции. Затоа аплициравме за членство во Интерпол и тоа барање е ставено на разгледување, истакна Хисени.

Косовскиот министер додаде дека полицијата вложила големи напори за спречување на криминалот во земјата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски