Хил: Неопходно е да се изгради мир и стабилност на Косово

Од:

Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, денеска во Ниш изјави дека не гледа можност за воено решение на ситуацијата на северот на Косово, како и дека е неопходно таму да се изгради мир и стабилност, што може да се постигнато со формирањето на Заедницата на српските општини.

„Се разбира, Владата на Србија има право да му се обрати на КФОР, но ова останува политичко прашање и затоа бара политичко решение. Треба да ја смириме ситуацијата, за припадниците на српската заедница кои живеат во таа област да имаат јасни очекувања за тоа како ќе изгледаат нивните животи во иднина“, рече Хил.

Во изјава за медиумите во Ниш, каде што се сретна со градоначалничката Драгана Сотировски, американскиот амбасадор рече дека „ќе се реализира создавањето на Заедницата на српските општини“.

„Како што вчера јасно кажа г-дин Ескобар, ќе дојде до тоа. Создавањето на ЗСО ќе создаде услови за враќање на нормалноста, преку кои ќе може да се воспостави мир и стабилност во областа каде што овие луѓе живеат со векови, а тоа е она што навистина сите го посакуваат“, рече амбасадорот Хил.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија