Херој на возот на смртта во Грција: Андреас скршил прозорец и спасил уште десет патници додека пожарот беснеел до него

Од:

Среде трагедијата во Грција и пејзажот на разочарување, може да се издвојат и оние приказни кои будат емоции и не потсетуваат дека, колку и да се драматични моментите, сепак има надеж, пренесува грчкиот портал protothema.gr.

Како што расте трагичниот биланс на загинати од ужасната несреќа во Грција и расте вознемиреноста за заробените под возот, објавата на Фејсбук на докторката од Универзитетската болница во Лариса, Ерис Цијастудис, дава друга слика за трагедијата во Темпи.

Според административниот советник на Лекарското друштво Лариса, дваесетгодишниот студент се истакнал по своите херојски постапки кога успеал сам да го скрши стаклото и да спаси најмалку десет млади луѓе, млади мажи и жени.

Студентот Андреас Аликаниотис излегол речиси неповреден од вториот вагон и пркосејќи на опасноста, огромниот оган што горел покрај него, сакал да спаси луѓе. И успеа, пренесува protothema.gr.

„Иако небото денеска беше исполнето со ангели, ние имаме среќа меѓу нас да имаме земски ангел, дваесетгодишниот студент Андреас Аликаниотис, кој излезе речиси неповреден од вториот вагон. Тој е херој затоа што ризикувајќи го својот живот, со огромен оган покрај него, не го напушти вагонот туку сам успеа да го скрши стаклото и спаси уште најмалку десет деца, момчиња и девојчиња. Во денешниот мрачен ден Андреас ни покажа дека новата генерација Грци има добрина, принципи и морал! Честитки за мојот убав Андреас, честитки за родителите кои те воспитале!“, се наведува во соопштението.

Бројот на загинатите во железничка несреќа во Грција се искачи на 43, соопштија вчера на брифинг претставници на противпожарната бригада и полицијата.

Како што јави Екатимерини, се проценува дека бројот на загинати ќе се зголеми.

Би можело да ве интересира

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Сообраќајниот инспектор на Грчките железници е уапсен за несреќа кај Лариса

Горан Наумовски

Истрагата за судирот на возот во Грција покажа дека шефот на станицата не бил обучен за својата работа

Шефот на станицата во Лариса и 35 минути по несреќата не знаел за судирот на возот

ВИДЕО: Десетици илјади Грци на улиците поради железничката несреќа, фрлаа молотови коктели

Ана Ололовска

Шефот на станицата во Лариса останува во притвор

Горан Наумовски