ВИДЕО: Хашкиот трибунал го ослободи Рамуш Харадинај

Од:

Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија го ослободи  поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај.

Харадинај, кој за време на конфликтот во Косово меѓу 1998-1999 година беше еден од командантите на Ослободителната војска на Косово (ОВК), беше обвинет за воени злосторства и злосторства против човештвото, заедно со неговите соработници Идриз Балај и Лахи Брахимај.

Судскиот совет заклучи дека Рамуш Харадинај не е виновен за здружен злосторнички потфат. Укажано  е дека обвинителството не изнесе докази кои би ги потврдиле наводите дека Харадинај воопшто знаел за случувањата во логорот Јабланица.

Во април 2008 година Харадинај беше ослободен целосно од Хашкиот трибунал по сите 37 точки од обвинението поради недостиг на докази. Обвинителството на Трибуналот ја обжали пресудата, а во јуни 2010 година Апелацискиот совет делумно ја поништи. Судиите истакнаа дека за време на првичниот судски процес постоело заплашување на сведоци.

Во август 2011 година Хашкиот трибуналот почна повторен судски процес по шест од 37 точки од првичното обвинение. За време на процесот беа сослушани 12 сведоци, а сведочењата на уште 44 лица беа претставени во писмена форма. Според обвинителот Пол Роџерс за време на повторниот процес било докажано дека обвинетите биле учесници во заедничко дело, чија цел била жестоко уништување на сите противници на ОВК, претставени како шпиони.

Харадинај беше премиер на Косово од трети декември 2004 година до осми март 2005 година.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина