Хашим Тачи ќе се појави пред Специјалното обвинителство за Косово во Хаг

Од:

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, денеска треба да биде сослушан во Хаг од Специјалното обвинителство за Косово, што кон крајот на јуни го обвини за голем број воени злосторства извршени на Косово.

Приштинската телевизија „Клан Косова“ јави дека Тачи „вчера околу 15 часот го напуштил аеродромот во Тирана“ за да пристигне на „сослушувањето во Хаг, каде ќе го брани британскиот адвокат Џефри Најс“.

Во обвинителството наведуваат дека тие како институција никогаш претходно не давале податоци за предметите, ниту ќе даваат во иднина.

Тачи на својот профил на Фејсбук во средата соопшти дека во Хаг ќе разговара со обвинителите откако Специјалното обвинителство на 24 јуни објави дека против него поднело обвинение за воени злосторства, како и против Кадри Весели и други поранешни членови на ОВК.

Со оглед на постапките на ова обвинителство, кои никогаш досега не сакаа да потврдат или да кажат дали некој е повикан кај нив и во кое својство – осомничен или сведок, соопштението на обвинителството дека ги обвини Тачи, Весели и другите лица беше изненадување за пошироката јавност.

Обвинителот посочи дека изјавата за обвинението е дадена заради континуираните обиди на Хашим Тачи и Кадри Весели да ја опструираат и поткопаат работата на Специјализираните совети, со желба тие да бидат укинати, а со цел да се избегне појавувањето пред правдата.

Обвинението сега е кај судијата надлежен за неговото преиспитување и донесување решение за потврдување, објави Специјалното обвинителство на крајот на јуни.

Според обвинителот, Тачи, Весели и другите осомничени во обвинението се товарат за речиси 100 убиства.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски