Хартман: Имаше политички препораки да не биде осуден никој од ОВК

Од:

Поранешната портпаролка на Хашкото обвинителство Флоренс Хартман оцени дека денеска тој суд доживеа пораз бидејќи се откажа од вистината и се претвори во „провинциски суд“.

„Трибуналот доживеа пораз бидејќи се откажа од вистината, а за тоа никој не поднесе оставка, ниту пак одговараше“, рече Хартман за Телевизијата Вести од Подгорица.

Коментирајќи ја денешната пресуда за Рамуш Харадинај таа кажа дека тоа е „тотална пропаст на системот на меѓународната  правда“.

„Меѓународното судство е креирано да го направи она што не можат домашните судови, да ги заштити сведоците, но Хашкиот суд во последните неколку предмети се однесува како провинциски суд“, изјави таа.

Хартман за случајот Харадинај кажа дека „постоеле политички препораки надвор од Трибуналот да не се обвинува ниеден припадник на ОВК“

Таа исто кажа дека предметот на Харадинај имал очигледни проблеми со сведоците.

Во тоа смисла Хартман вели дека Трибуналот негирал голем број сведоци на Хашкото обвинителство, во овој случај повеќе од десет се убиени, но никогаш не утврдија дали се работело за несреќа, самоубиство или пак биле убиени.

 

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина