Харадинај во изборната програма најави референдум за обединување со Албанија

Од:

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово (АБК) Рамуш Харадинај денеска најави организирање референдум за обединување со Албанија. За време на презентацијата на изборната програма лидерот на АБК кажа дека Косово не може да чека додека другите не бидат расположени да ги решат многуте отворени прашања.

-Ќе дојде денот кога новиот претседател на САД или новиот германски канцелар ќе треба да одлучат што ќе му кажат на Косово во 2024, 2025 или 2026 година… Очекувајте да сториме нешто. Ниту сме прифатиле, ниту сме оставиле замрзнат конфликт, ниту сме прифатиле да не разделат, но ќе одиме на референдум за обединување со Албанија, запомнете го ова, рече Харадинај, пренесува Косово Онлајн.

Харадинај објасни дека тоа не е прашање на љубов и рече дека косовските Албанци уште пред 20 години му дале збор на Западот дека сакаат да ја почитуваат заедничката визија Косово да влезе во ЕУ, НАТО, да стане членка на ОН и Белград да го признае тоа.

– Доколку ЕУ сакаше да убеди пет земји-членки да ја сменат својата позиција, а Америка сакаше да ни помогне да добиеме признание од Израел, зошто нашите европски партнери не држат толку изолирани, зошто не оставаат настрана и од време на време ни кажуваат дека сме виновни за тоа. Зарем не се виновни Србија и другите соседни земји, дали тие беа совршени, рече Харадинај и додаде дека „не може само да чекаме некој да биде расположен за решавање на косовското прашање“.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски