Харадинај: Србија нема да постои на Косово кога ќе станам премиер

Од:

Поранешниот командант на ОВК и сегашен лидер на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај, кој е кандидат за премиер, изјави денеска дека „Србија нема да постои на Косово“ ако тој ќе стане претседател на владата.

– Ние немаме проект проблеми со Србија, но таа нема да постои на Косово. Значи, државата Србија нема да има никаква улога на Косово, истакна Харадинај во Пеќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ претходно истакна дека „евентуалниот избор на Харадинај за премиер на Косово ќе претставува проблем за Србија“.

Харадинај е кандидат на коалицијата меѓу Демокартска партија на Косово, Алијанса за иднина на Косово, Иницијатива за Косово и други девет помали партии.

Косовскиот претседател Хашим Тачи распиша вонредни парламентарни избори за 11 јуни.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски