Харадинај поднесе оставка како член на владината Комисија за надворешна политика

Од:

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово и пратеник во Парламентот во Приштина Рамуш Харадинај поднесе оставка од функцијата член на владината Комисија за надворешна политика, испраќајќи порака до власта да внимава да не ја доведе земјата до степен, на кој прашањето ќе биде дали некој воопшто ќе сака да живее во неа, пишува весникот „Коха диторе“.

Алијансата за иднината на Косово соопшти дека Комисијата за надворешна политика се претворила во политички инструмент на премиерот Иса Мустафа и вицепремиерот Хашим Тачи и ја загубила смислата и својата првобитна улога.

Незадоволен од демаркирањето на границата со Црна Гора, Харадинај ги нарече службениците во таа Комисија „идиоти“ и со други погрдни имиња.

Харадинај ја обвини косовската Влада дека и предала косовска земја на Црна Гора.

Претседателот на Комисијата за надворешна политика Енвер Хоџај изнесувајќи го извештајот за дермаркирањето на границата со Црна Гора изјави дека се било извршено согласно законите и по редовна процедура и оти Косово не загубило ни делче од својата територија.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска