Харадинај: Нема санкција која ќе ме натера да ја укинам таксата на српскиот увоз

Од:

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај порача дека нема таква санкција кон Косово која може да го натера да ја укине таксата од 100 отсто на увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај, по денешната седница на Владата, коментирајќи ги наводите во медиумите дека Соединетите Американски Држави најавиле дека „ќе ги продлабочат санкциите“ кон Приштина долку не се суспендира таксата, изјави дека „јазикот на закани кон Косово не врши работа“.

Портпарол на американската амбасада во Приштина изјави за КТВ дека Вашингтон испратил писмо до премиерот Харадинај, претседателот Хашим Тачи и првиот парламентарец Кадри Весели, во кое се бара суспендирање на таксата, инаку ќе се воведат „нови санкции“. Неименуваниот претставник на амбасадата за приштинската телевизија изјавил дека писмото е потпишано од официјални претставници на Белата куќа, на Стејт департментот и на Министерството за одбрана.

„Таксата можа да остане до бескрај, доживотно, или додека не се реши проблемот Косово-Србија. Нема санкции кои ќе не натераат да ја укинеме таксата, ниту од одделни држави ниту од организации. Притисоците врз Косово нема да дадат ефект“, изјави Харадинај по владината седница.

Претходно, денеска косовскиот премиер се сретна со амбасадорот на САД Филип Коснет, кому, како што информира, исто така, му повторил дека таксата ќе се укине кога Србија ќе ја признае независноста на Косово.

Хардинај изјави и дека од Коснет и денеска му било „сугерирано“ да ја укине таксата и дека тоа е „јасен став на Стејт департментот“.

„Тие се едногласни. Сугерираат таксата да се суспендира за да се отвори патот за дијалог (со Србија). Тоа беше повторено и денеска и на секоја средба, меѓутоа разговаравме и за многу билатерални теми. Нашиот став е јасен. И јас сакам таксата сосема да се укине и Косово тоа го посакува, меѓутоа тоа е поврзано со признавањето од страна на Србија. Моја сугестија е темите да не се поврзуваат една со друга. Дијалогот е започнат пред таксата и никогаш не бил условуван, така што не треба ни сега да се условува. Постигнувањето договор со Србија е во интерес на Косово“, изјави Харадинај, додавјаќи дека „Косово го чинеше многу процесот на дијалог во изминатите 20 години“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: По драматична потрага пронајдени петтемина исчезнати во Србија, ги немаше четири дена

Катерина Ѓуровски

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: „Имам добри вести“-директорот на српскиот клинички центар за состојбата на повредените во пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ најави протести: „Народот веќе не се плаши“

Горан Наумовски

Белград: Студентите го блокираат ГСП, заглавени се 130 трамваи и 150 автобуси