Харадинај: Курти треба да ја напушти Владата на Косово затоа што е опасност за земјата

Од:

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај изјави дека е загрижен за ситуацијата на северот на земјата, пренесува Економи онлајн.

Тој по вонредната седница на Претседателството оцени дека ситуацијата е сериозна, додавајќи дека за тоа е одговорен самиот премиер Аљбин Курти, па затоа, според него, треба да ја напушти Владата бидејќи е опасност за државата.

Харадинај рече дека единствено решение за ова е гласање недоверба на владата на Курти, бидејќи тој отишол во крајности.

Според него, Курти наместо да соработува со САД, поттикнал конфликт кој им одговара на Србија и Русија.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски