Харадинај ги повикува граѓаните да не ја напуштаат земјата и дека решението е во Косово

Од:

Мандатарот на новата косовска влада Рамуш Харадинај упати апел до косовските граѓани да не ја напуштаат земјата, бидејќи според него, решение не се бара по патиштата низ светот, туку во Косово.

Тој оцени дека е потребна поголема мобилизација на владата за се подобри состојбата во Косово.

– Состојбата во земјата не е добра. Верувам дека тоа е сигнал за оние кои мислат дека заминувањето во белиот свет е решение. Но тоа не е така. Решението е тука, истакна Харадинај.

Ветувајќи подобри услови за живот тој најави дека новата влада ќе биде формирана в сабота и оти утре ќе ги соопшти имињата на новите министри.

Апелот на Харадинај доаѓа по појавата на повторно масовно заминување на косовските граѓани во некоја од западно европските земји, феномен кој по кусо затишје повторно е присутен.

– Секојдневно од заминуваат полни автобуси со цели семејства, а градовите и училиштата остануваат се попразни, наведуваат косовските медиуми.

Неофицијално во последната деценија и пол околу 20 отсто од населението го напуштило Косово.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски