Харадинај е убеден дека ќе го истера премиерскиот мандат до крај

Од:

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека без оглед на плановите и активностите на опозицијата за уривање на Владата и за негова смена од премиерската позиција, тој е решен да продолжи да работи и е убеден дека мандатот ќе го истера до крај, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Кога ќе одлучи Собранието да ја урне Владата, тоа и ќе го стори. Но, јас сум решен да продолжам да работам и ми се чини дека ќе го истерам мандатот до крај, изјави Харадинај по денешната седница на косовската Влада.

Во врска со трансформацијата на Безбедносните сили на Косово (ФСК) во војска на Косово, со пакетот закони кои ќе се најдат на пленарна седница на Собранието в четврток, за што некои опозициски партии изразија сомнеж дека ќе може да се реализира поради немање средства во буџетот, Харадинај рече дека воопшто нема причини за таква вознемиреност.

Тој најави дека пакетот од три закони, со кои надлежностите на ФСК се зголемуваат до ниво на вооружени сили, односно восјка на Косово, на второ читање во Собранието ќе бидат доставени по 20 ноември. На овој датум Генералното собрание на Интерпол, на годишната седница во Дубаи, треба да гласа за барањето на Косово за прием во Светската полициска организација.

– Мислев законите за ФСК да дојдат во Собрание по 20 ноември. Меѓутоа, првото читање ќе се случи порано. Второто читање треба да биде по 20 ноември, бидејќи на 20 ноември го имаме Интерпол, изјави Харадинај, нагласувајќи дека нема потреба од никаква загриженост околу финансиите за овој проект.

Во врска со иницијативата на градоначалникот на јужниот дел на Митровица, Агим Бахтири, за одржување спектаткуларен концерт на светската мега-ѕвезда Шакира по повод оторањето на мостот на Ибар, кој го дели градот на албански и српски дел, Харадинај рече дека „нема нешто против“, но оти отворањето на тој мост не е некоја работа „за еден ден“. Затоа, нагласи тој, го замолил Бахтири „да внимава“, поради деликатната ситуација во тој дел од земјата.

– Пред себе имаме три чувствивтелни теми: војската, Интерпол и визната либерализација. Секое дејствие треба да биде добро осмислено. Треба да внимаваме да не направиме некој погрешен чекор, изјави Харадинај.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина