Европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан денеска ќе претстојува во Косово, јави Радио телевизија Косово (РТК).
Предвидено е Хан да се сретне со косовскиот премиер Рамуш Харадинај.
Хан ќе го посети Косово во момент кога од властите во Приштина се бара да се повлечат такстите од 100 отсто за производите од Србија.