Хан: Разочаран сум и вознемирен од запаливите изјави на некои лидери на Балканот што имплицираат промена на границите

Од:

Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, денеска изјави дека е разочаран и вознемирен од запаливите изјави на некои политички лидери на Балканот кои според него може да се сметаат за мешање во соседните земји.

Тој по средбата што ја имаше со српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во Брисел, Хан ги нарече таквите изјави неприфатливи, непотребни и контрапродуктивни.

– Би сакал да ја искористам оваа можност да го изразам моето разочарување и вознемиреност од запаливите изјави на некои лидери во регионот. Таквите изјави, кои може да се сметаат и за мешање во соседните земји, што имплицира промена на границите се неприфатливи и се повеќе од непотребни и контрапродуктивни, порача еврокомесарот Хан.

Таквиот став на комесарот за преговори за проширување на Европската унија се однесува на изјавите на албанскито премиер Еди Рама и на претседателот на Косово, Хашим Тачи, дека без јасна иднина во Европската унија, овие две држави на Балканот би можеле да се соединат во една земја.

– Таквите изјави не говорат во прилог Балканот да ги бара заедничките интереси, туку постојано бараме нешто што би било враќање во минатото и би предизвикало големи судири, а што би било закана за мирот и стабилноста на Балканот, додаде српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ на изјавата на Јоханес Хан.

Појаснувајќи што мислеше со неговата изјава за коментарите на Рама и Тачи, комесарот Хан додаде дека е невозможно лидерите на Албанија и Косово да мислат дека со таквата реторика може да направат притисок врз Брисел за побрза интеграција на регионот во Европската унија.

– Ако некој верува дека такви изјави може да направат притисок врз нас, тогаш тоа е голема грешка, бидејќи ова може лесно да му се врати како бумеранг на тој што ја испраќа таквата порака. Треба да се знае дека Европјците имаат силен интерес од мир, стабилност и просперитетот во регионот. Ова може да се постигне преку добрососедски односи, ако сите работат заедно и придонесуваат на понатамошен развој во регионот. Во принцип, ова се покажа на состанокот на премиерите во Сараево и треба да им биде водич на сите секој ден. Затоа, ургирам до сите да се воздржат од ваквата реторика. Исто така, имаше повеќепати одлуки и заклучоци меѓу лидерите на земјите, за да се поддржат едни со други на нивната цел да се приклучат на Европската унија и ова треба да се почитува. Не само да се почитува, туку и да се следи од сите, образложи Јоханес Хан.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ