Иднината на Кипар зависи од преговорите и решенијата на двете страни, изјави заменик официјалниот претставник на Обединети нации, Фархан Хак.
Тој изразил оптимизам дека кипарските Грци и кипарските Турци ќе се вратат на масата за преговори.
– Нема ништо ново за Кипар, ако има нов круг преговори тогаш ОН ќе ги презентира своите ставови, посочи Хак.
Преговорите за повторно обединување на Кипар под патронат на ОН завршија на седми јули без да биде постигнат договор.