До крајот на овој или почетокот на следниот месец турските сили во рамки на операцијата „Маслиново гранче“ ќе стигнат до сирискиот град Африн, тврди во денешното издание весникот „Хабертурк“.
Весникот потсетува дека во моментов турските сили вршат воздушни и артилериски напади врз позициите силите на сириските Курди во планинските региони во реонот на Африн.
Според „Хабертурк“, врз основа на планот на турската армија, предвидено е на 12 февруари да започне акција за „прочистување од терористите“ на околу 127 села во околината на Африн, по што кон крајот на месецот или почетокот на март припадниците на Вооружените сили на Турција би требало да тргант кон самиот град.