Грвала: Со зачленувањето на Косово во Советот на Европа добиваат сите и не губи никој

Од:

Шефицата на косовската дипломатија, Доника Грвала вели дека, доколку биде примено во Советот на Европа (СЕ), Косово нема да биде единствената држава која ќе има корист од тоа, односно дека тоа за никого нема да претставува загуба, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната прес-конференција по повод вчерашното предавање на апликацијата за членство на Косово во СЕ, Грвала изјави дека зачленувањето на нејзината држава во таа меѓународна организација ќе придонесе за стабилноста и мирот на Балканот.

– Сведоци сме дека деновиве разни држави носат значајни одлуки. Ние веруваме дека сега е време да ги преземеме потребните дејствија и поради тоа одлучивме оваа битна одлука да ја донесеме сега. Ние сме уверени дека ова е вистинскиот чекор во вистинско време. Добиваат сите и не губи никој, изјави Грвала.

Таа рече дека Владата во Приштина е свесна оти ова е „само прв чекор на еден пат полн со предизвици“.

Министерката за надворешни работи на Косово го оцени како дезинформација тврдењето на нејзиниот српски колега, Никола Сељаковиќ, изнесени на денешната седница на Советот за нацинална безбедност на Србија, дека наводно четири држави го повлекле признавањето на независноста на косовската држава.

– Како прво, веројатно се работи за лажна вест, а како второ можеби тие (Србија) веќе долго време работат на повлекувањето на признавањата. Имаме информации дека Србија во ниеден момент не престанала да лобира за тоа. Дури во Африка имало комбинирани понуди со руско оружје и руски вакцини и, за чудо, со шеќер. Ова била понудата што им е дадена на некои држави, кои не го повлекле признавањето. Нема да изнесам имиња, не сакам да ги експонирам. Доверливо е. Повлекување на признавањата нема, изјави Грвала.

Спред неа,Србија, наместо да се спротивставува, би требало да го поддржи зачленувањето на Косово во СЕ.

– Ако таа е вистински заинтересирана за срспките граѓани во Косово, приемот на Косово во СЕ е најзначјаниот чекор за нив. Но, Белград не го интересира животот на Србите во Косово, туку сака да го одржи своето влијание тука, рече Грвала.

Владата на Косово вчера принципиелно ја усвои инициативата за зачленување на државата во СЕ, а само пар часови подоцна министерката за надворешни работи, Грвала, официјално ја предаде апликацијата во Стразбур.

Во СЕ членуваат 46 држави и за прием на нова членка потребни се гласовите не две третини од нив. Според медиумите во Приштина, надежите на косовските власти за прием во организацијата пораснаа по исклучувањето на Русија од неа.

Српскиот претседател Александар Вучиќ реагираше жестоко на веста за аплицираањето на Косово во СЕ, тврдејќи дека со тоа Приштина ги прекршила договорите меѓу двете држави потпишани со меѓународно посредништво. Тој најави „сериозен одговор“ и „последици“ и за денеска свика седница на Советот за безбедност на Србија во врска со настанатата ситуција.

Според Вучиќ, косовските власти со ова го прекршиле Договорт за економска стаблизација, потпишан во септември 2020 година во Вашингтон со посредство на тогашниот претседатела на САД, Доналд Трамп. Со тој договор, Косово се обврза да не бара нови признавања на независноста и да не аплицира за членство во меѓународни организации, додека Белград да не лобира за повлекување на признавањата на косовската држава.

Во врска со овие обвинувања, медиумите и официјални лица во Приштина тврдат дека Вучиќ „повторно манипулира“ и „кажува невистини“ и потсетуваат дека мораториумот на споменатите активности, според потпишаното во Белата Куќа, траел една година, што значи дека истекол на 20 септември 2021 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина