Група маскирани напаѓачи ја запалија канцеларијата на грчкиот министер за морнарица

Од:

Грчкиот министер за морнарица Милтијадис Варвициотис соопшти дека неговата канцеларија во центарот на Атина била нападната од група маскирани мажи, кои ги полеале просториите со бензин и ги запалиле.

Полицијата го потврди инцидентот, што се случи доцна синоќа во централната атинска населба Колонаки, прецизирајќи дека огнот бил набрзо изгаснат и дека нема настрадани.

Варвициотис, кој е член на конзервативната партија Нова демократија, за приватната телевизија Скај изјави дека во нападот врз канцеларијата учествувале седум лица.

Владиниот портпарол Симос Кедикоглу го осуди нападот, изјавувајќи дека „оние кои се стремат кон терор и насилство, го имаат против себе целото општество“.

Засега никој не презеде одговорност за нападот. Во минатото слични напади вршеа припадници на анархистичките групи.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит