Грозоморно убиство во Нови Сад: Со моторна пила и ја исекол главата на мајка си

Од:

Соседите се шокирани од монструозното злосторство во Нови Сад, каде се уште има полиција, а како што дознава српски Курир, случајот во полиција го пријавиле соседите со оглед дека главата на несреќната жена била пронајдена во дворот на маж кој живее во куќата до осомничениот за убиството на неговата мајка.

– Мајката А.М и синот И.М чистеле лисја во дворот, но во еден момент настанала тепачка меѓу нив. И двајцата влегле во куќата, а кој знае што точно се случило потоа. Слушнавме дека ја убил мајка си, а потоа зел моторна пила и ја отсекол главата на мајка си. Целосно го искасапил телото со пила и го оставил во куќата во локва крв, а главата ја фрлил во дворот на соседот… Ужас – раскажал сосед за Курир.

Осомничениот и несреќната жена, инаку, живееле заедно во куќа во Нови Сад. Таткото на осомничениот за убиството починал пред 5 години, а од тогаш двајцата се сами. Покрај синот кој го извршил делото, жената имала и ќерка, но веќе подолго време живее во Шабац.

-Кога се случи убиството и се јавиле соседите, а несреќната жена веднаш дошла во Нови Сад. Беше целосно настрана, не ѝ дозволија да пријде на својата искасапена мајка бидејќи сцената беше грозоморна. Само ги видела остатоците од телото на жената и се оддалечила – вели соговорникот на Курир кој се уште е потресен од тоа што го направил неговиот сосед.

Би можело да ве интересира

Велосипедист загина во Нови Сад, го прегази камион

А1он

Вооружени напаѓачи убија седум патници во автобус во југозападен Пакистан

По петдневна потрага полицијата го уапси убиецот Емир Селимовиќ

Горан Наумовски

Граѓаните уплашени на местото каде што полицијата трага по монструмот Селимовиќ: „Може да ни дојде на врата“

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Убиство во кафе бар во градот Србица, причина е расправија за имот

А1он