Гром удри на фудбалски терен во Србија, лекарите се борат за животот на еден од повредените

Од:

Две лица се повредени, едно од нив потешко, кога за време на бура, гром удри во фудбалското игралиште во Клупци кај Лозница и го прекина натпреварот.

Според неофицијални информации, едно од повреденото лице е во тешка состојба и лекарите се борат за неговиот живот, додека другото лице се здобило со полесни повреди.

Присутните изјавиле дека времето одеднаш се променило и дека дождот и грмотевиците започнале ненадејно.

Медицинските и итните служби брзо реагирале, а теренот набрзо бил евакуиран.

Организаторите на натпреварот објавија дека постапиле во согласност со протоколите за вонредни временски услови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вучиќ: Никогаш нема да се откажам од борбата против најлошите – блокадерите!

А1он

Закани за поставени бомби во неколку судови во Белград, Нови Сад и Ниш

„Србија потсетува на Унгарија, но и на Украина“: Си-Ен-Ен ги анализира адутите на студентското движење што доведоа до падот на Вучиќ

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

Актерите на „Ателје 212“ бараат оставка од Љубиша Ристиќ

РИК обработи 8.077 избирачки места: „Студентска листа“ освојува 52,54 отсто, а „Обединета Србија“ 39,29 отсто