Гркинка ќе добие 800 илјади евра оштета поради инфекција со ХИВ во болница во Солун

Од:

Гркинка (25) ќе добие оштета од 800 илјади евра поради инфекција со ХИВ вирусот при трансфузија во болница во Солун, јави БТА.

Според судот во Солун болничкиот персонал дозволил сериозна грешка, што нанела штета на пациентот.

На 1 септември 2005 година жената примила крв од случаен крводарител, кој бил заразен со ХИВ вирусот. Тој дарувал крв првпат во животот.

Истата крв била дарувана и на 76-годишен маж по извршена срцева операција.

Крводарителот е осуден од кривичен суд.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната