Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

Од:

Маж кој тврди дека убил две лица се забарикадира вооружен со граната во столарска работилница во селото Гонои, во грчката област Тесалија, а на местото на настанот се распоредени специјални полициски сили, јавуваат грчките медиуми.

Осомничениот, кој има околу 60 години, се јавил во полиција велејќи дека убил две лица, а полицајците потоа го пронашле телото на една од жртвите, за која се претпоставува дека е од ромска етничка припадност, пишува Екатимерини.

Локалните медиуми јавуваат дека осомничениот е познат по неговата политичка активност во екстремно десничарската партија Златна зора, а претходно бил нејзин кандидат за пратеник.

Во моментов се водат полициски преговори со осомничениот.

Би можело да ве интересира

Шест лица се уапсени за тројно убиство во фризерски салон во градот Упсала

Убиство во Скопје: Си ја уби сопругата, па сакаше да избега во Србија

Горан Наумовски

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали