Грчкиот суд му одреди денеска казна од 20 години затвор на Грк, кој земал заложици од Германско училиште во Солун, два пати во рок од три години, соопштија локалните власти.
Константинос Арабакис (55) ги киднапирал директорот, благајникот и наставник од училиштето во северниот грчки град во 2009 година и бара откуп од десет милиони евра.
Со куфер полн со експлозиви и гранати се заканувал дека сите ќе ги крене во воздух, но се предал, откако полицијата ја опколи зградата.
Арабакис извршил речиси идентично киднапирање во истото училиште во 2006 година и тогаш е осуден на 10,5 години затвор, но казната била намалена на три години поради доброто однесување.
Овој поранешен грчки емигрант, кој работел во Германија, пред судот изјавил дека германската држава финаниски го уништила, бидејќи одбила да му помогне да го покрие кредитот додека живеел таму.