ГРЕКО ја повика БИХ на поцврсти чекори во примената на антикорупциските реформи

Од:

Групата држави што се борат против корупцијата (ГРЕКО) на  Советот на Европа денеска го објавија својот четврти извештај за Босна и Херцеговина, фокусиран врз превенцијата на корупцијата меѓу членовите на Парламентот, судии и обвинители, за БТА соопшти прес службата на организацијата.

Генералниот секретар на Советот на Европа, Турбјорн Јагланд, изјави дека „Босна и Херцеговина има преземено некои позитивни чекори, но се уште има недостатоци“.

-Владата сега треба да покаже силна политичка волја, неопходна за справување со нив  и да ги примени препораките на ГРЕКО. Тоа е неопходно за стремежот на Босна и Херцеговина кон нејзината натамошна европска интеграција, посочи Јагланд.

ГРЕКО го критикува забавувањето на антикорупциските реформи во Босна и Херцеговина, што главно се должи на фрагментираната и некоординирана институционална рамка на земјата, како и недостигот на силна политичка волја за давање поттик кон поголеми реформи, се посочува во соопштението на групата.

Би можело да ве интересира

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар