Грците со милион и пол летоци ги информираат имигрантите за враќање дома

Од:

Со  еден и пол милиони летоци,  Грцијаги информира  имигрантите како можат да се вратат во својата татковина.

Проектот е на грчката полиција во соработка со Министерството за јавен ред и заштита на граѓаните, а насочен е кон граѓани од земји кои не се членки на ЕУ.

Летоците, чие печатење е платено од фондовите на ЕУ, „ќе им бидат поделени на државјаните на трети земји за тие да се информираат за програмата на враќање во нивните земји на потекло под услови на безбедност, достоинствено и без обврски да плаќаат што било“, соопштила полицијата.

Летокот е преведен на 13 јазици: англиски, француски, шпански, албански, руски, кинески, арапски, бенгалски, курдски, фарси, пашту, урду или дару, а ќе се делат пред полициската Управа за странци во Атина. и тоа,  албански, кинески, арапски, курдски, фарси, урду и дари.

Тие ќе им бидат испратени и на општинските власти, како и на дипломатските служби и фирмите во кои работат странци.

По јуни и доаѓањето на конзервативецот Андонис Самарас, грчката полиција ја засили контролата на емигрантите низ целата земја и депортираше 2.135 емигранти без документи, што предизвика реакции на невладините организации за човечки права.

Организацијата Хјуман рајтс воч во август го осуди полицискиот лов на доселеници без документи во центарот на Атина, како „правно неоснован“.

Во ова предничи  неонацистичката партија Златна зора.

Во Грција живеат  1,5 милион странци, од кои околу 600.000 немаат дозвола за престој.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски