Грците оптимисти дека во 2013 година ќе имаат добра туристичка сезона

Од:

Грчката Влада и хотелиерите се оптимисти за туризмот во државата во ова лето по падот од 5,5 отсто на бројот на туристи во туристичката сезона 2012 година.

Грчкиот министер за туризам Олга Кефалојани нагласи дека грчкиот туризам кој е сериозен извор на средства на државата успеал да опстои и покрај лошата сезона заради социјалните случувања и економскиот и политички хаос лани што предизвикаа „одлив на туристи“.

Таа рече дека се ангажирани да преземат иницијативи Грција да биде приоритетна светска дестинација.

Според претседателот на Унијата на хотелиери, Јоргос Цакирис првите цифри за 2013 година се добри.

– Оптимист сум дека Владата, политичарите и општеството почнаа да разбираат дека туризмот е средство за ислез од кризата и придонесуваат за раст, нагласи тој.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит