Грците на улица поради железничката несреќа: „Убијци“, „Нема да заборавиме“

Од:

Илјадници луѓе протестираа денеска во центарот на Атина поради најсмртоносната железничка несреќа во земјата, во која, на 28 февруари, загинаа 57 лица, додека најголемите грчки синдикати се подготвуваат за неизбежен национален штрајк.

Директниот судир меѓу патнички и товарен воз пред речиси две недели предизвика гнев во јавноста и предизвика секојдневни протести против конзервативната влада и политичкиот естаблишмент, кој постојано ги игнорираше повиците на железничките синдикати за подобрување на безбедносните системи.

Повеќе од 10.000 поддржувачи на комунистичката група ПАМЕ, работници од јавниот сектор, пензионери и студенти се собраа денеска пред парламентот во центарот на Атина. Некои од нив скандираа „Убијци“ и „Нема да заборавиме“.

Повеќето од 350-те патници во патничкиот воз биле студенти кои патувале од Атина до Солун по долгиот празничен викенд.

Најголемите грчки синдикати ГСЕЕ и АДЕДИ, кои заедно претставуваат повеќе од два милиони работници, на 16 март ќе организираат голем штрајк низ целата земја во знак на протест поради железничката несреќа.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната