Грците кои избираат да се забавуваат во Гевгелија постојано на удар на своите сонародници

Од:

Локалните медиуми често пишуваат за Грците кои се забавуваат во казината во Гевгелија и при тоа одморот го поминуваат во Македонија, со што предизвикуваат негативни реакции од читателите и јавноста, јави дописникот на МИА од Атина.

Во најновиот текст на оваа тема, објавен во електронскиот весник „репортер.гр“, под наслов „Странците доаѓаат, Грците одат“, авторот пишува за Грците кои преферираат да го поминат својот одмор во Македонија, наспроти големиот број странци кои летуваат на Халкидики.

– Според релевантни извештаи, јасно е дека Грците од северна Грција не се расположени да ги плаќаат високите цени во хотелите на Халкидики, скапите ресторани во областа и прескапите пијалоци во ноќните клубови. Затоа, за да избегаат од својата дневна рутина и со цел да се релаксираат и да се забавуваат за време на викендите, но и за целиот годишен одмор, тие повеќе сакаат да одат во Гевгелија, пишува „Репортер“.

Сајтот ја опишува Гевгелија како град во близина на македонско-грчката граница кој е полн со казина во кои посетители се претежно Грци.

– Грците одат во казината, не само за да играат, туку затоа што имаат и други привилегии како што се бесплатна храна и пијалоци и престојуваат во нивните хотели. Затоа, нормално е што повеќе им се допаѓа таму. И како да не им се допаѓа, кога цената за два дена за двајца со сместување, храна, пијалок и забава во хотел на Халкидики чини 210 евра и повеќе, а во Гевгелија тоа чини само 70 до 80 евра, наведува авторот.

Според него, Грците при враќањето од Гевлегила исто така ги полнат и резервоарите на своите автомобили, затоа што бензинот во Македонија чини „само 1,40 евра“.

Текстот, како и сите други написи на оваа тема, секогаш предизвикуваат бурни рекации од читателите кои коментираат дека „таквите Грци се предавници и наместо парите да ги трошат во својата земја, тие избираат да ги богатат скопјаните“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит