Грците кажаа „не“ на референдумот

Од:

Според првите неофицијални резултати Грците изгласа убедливо „не“ на референдумот на кој право на глас имаа 9.855.029 избирачи.

По 20 насто изброени гласови, опцијата „не“ води со 60,53 проценти, а опцијата “да“ има 39,47 насто од гласовите. Гласале повеќе од 57 проценти од регистрираните гласачи.

Опозиционата партија ПАСОК вечерва истакна дека без разлика на исходот од гласањето, најважно е во моментов да се обнови единството на грчкиот народ и да се избегна секаква провокација за поделби.

Грчкиот министер за одбрана и лидер на партијата Независни Грци вечерва изјави дека грчкиот народ покажал дека не може да биде уценуван и дека „демократијата победила“.

Панос Каменос по првичните резултати на Твитер напиша дека грчкиот народ покажал дека не може никој да му се заканува.

– Грчкиот народ докажа дека не сака да биде уценуван. Нема да биде тероризиран. Нема да му се заканува никој. Демократија победи, напиша тој.

Владиниот портпарол Гаврил Сакеларидис изјави дека грчката Влада неодложно сака да ги обнови преговорите со меѓународните кредитори, за да постигне договор.

– Преговорите кои ќе почнат мора да завршат многу брзо, за 48 часа, рече Сакеларидис.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит