Грците би одбрале да се присоединат кон Турција?

Од:

Грција своеволно би го вратила времето 200 години наназад и одново би станала дел од Турција, само доколку по ова прашање биде организиран референдум меѓу Грците, смета Јигит Булут, советник на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.

– Ако денеска имаше референдум во Грција, над 51 процент од луѓето би гласале за излегување од Европската унија и присоединување кон Турција – изјави Булут во интервју за турскиот венсик „Хабертурк“.

Булут е познат по неговите контроверзни изјави. Минатиот месец тој го нарече премиерот Ердоган вистински социјалист, предизвикувајќи реакција од Владата. Портпаролот на владејачката Партија на правда и развој, Хусеин Челик одговори дека Ердоган е конзервативна и демократска личност, но не е социјалист.

За време на протестите во истанбулскиот парк Гези во текот на летото, Булут го предизвика медиумското внимание кога рече дека странските сили се одбидуваат да го убијат Ердоган преку телекинеза.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит