Грција за претседателствувањето со ЕУ потроши околу 19 милиони евра од предвидените 50

Од:

Грција потроши околу 19 милиони евра од предвидените 50 милиони евра за време на шестмесечното претседателствувањето со Европската унија, изјави денеска грчкиот вицепремиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос.

Тој истакна дека буџетот за претседателствувањето уште на почетокот бил мал во споредба со буџетитте на другите земји, кои потрошиле над 50 милиони евра.

Венизелос посочи дека средствата кои останале ќе се вратат во грчкото Министерство за финансии.

Тој наведе дека за време на претседателствувањето во Атина се одржале над 160 средби од кои 21 биле на министерско ниво.

Шефот на грчката дипломатија петтото претседателствувањето на Грција со ЕУ го оцени како успешно.

Би можело да ве интересира

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

Силен земјотрес во Грција

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ