Повеќе од шест милиони декари зелена површина Грција изгубила во периодот од 1987 до 2007 година, се наведува во извештајот на грчката филијала на Светскиот фонд за дива природа (WWF).
Во тој период во Грција зголемена е површината на обработливи почва, инфраструктурата и населените места.
Во периодот од 1987 до 2007 година шумите се намалиле за повеќе од 1,4 милиони декари, а нискостеблестите растенија за над 4,8 милиони декари.
Директорот на грчката филијала на Светскиот фонд за дива природа Димитрис Каравелас ги повика властите да изготват план за зачувување на природниот капитал.