Грција во септември протерала 486 албански државјани

Од:

Грчките власти во текот на месец септември, поради нелегален престој во земјата, протерала 966 странски државјани, при што половината од нив се албански државјани.

– Само во месец септември, во нивните земји на потекло, протерани се 966 странски државјани, половина од нив или 486 албански државјани. Веднаш по нив се државјаните на Ирак или 139, па Грузија 79, десет помалку се Пакистанци, 53 се од Иран,20 од Турција,18 од Алжир и 12 од Сирија, соопшти грчката полиција.

Според полициската статистика, пак, во изминатите девет месеци од годинава, протерани се вкупно 9.836 странски државјани од нив 5.165 албански.

Остантите странски државјани се од Ирак, Пакистан, Грузија, Бангладеш,Турција, Алжир и Иран.

Што се однесува до албанските државјани, гледано одделено по месеци, во јануари биле протерани 628, во февруари 648, во март 668, април 745, во мај 738, јуни 463, во јули 378, во август 412 и септември 486 албански државјани.

Инаку, во Грција живеат над 500 илјади албански граѓани, кои во најголем дел се со регулиран престој. Повеќето заминаа веднаш, по падот на тоталитарниот режим во Албанија во деведесеттите години од минатиот век.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он