Предлог буџетот на Грција за 2013 година, поднесен денеска во Парламентот, предвидува намалување на Бруто домашниот производ за 4,5 проценти.
Со тоа земјата влегува шестта година по ред во рецесија, откако намалувањето на БДП годинава изнесуваше 6,5 отст.
Претставениот на 1 октомври од Владата текст предвидуваше намалување на БДП за 3,8 проценти, додека невработеноста се очекува да достигне 24,7 отсто.