Вкупно 902 илегални имигранти од разни етнички групи во февруари се вратени од Грција во нивните татковини, соопшти грчкото Министерство за јавен ред.
Други 519 мигранти биле вратени во нивните татковини, како дел од програмата што ја спроведува грчката филијала на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), субвенционирана од Европската унија.
Според податоци на Министерството за јавен ред, од август минатата година во своите земји се вратени вкупно 7.874 мигранти.