Грција во 2022 ќе испрати роботско возило на Месечината

Од:

Под името „Грција на Месечината“ (Hellas to the Moon) во 2022 година, Грција првпат како дел од НАСА програмата, ќе испрати роботско возило на Месечината за истражување на теренот и за добивање податоци кои ќе ѝ припаѓаат на државата и ќе бидат искористени од грчките универзитети и истражувачи, соопштуваат од Министерството за дигитална политика и телекомуникации на Грција, по потпишаната изјава за соработка во САД меѓу Грчката вселенска организација (ЕЛДО) и НАСА, јави дописничката на МИА од Атина.

– Со испраќањето на „Грција на Месечината“ нашата земја влегува во категоријата на мал број земји, кои имаат стапнато на површината на Месечината со нејзино возило.

Грчката истражувачка заедница покажа подготвеност да придонесе со специјални идеи за приоритетите во истражувањето на Месечината. Грчката Влада и грчката вселенска служба со многу упорност и систематска работа ја надградуваат земјата и ја ставаат во првите редови на истражувањето за целокупното човештво, рече министерот за дигитална политика и телекомуникации Никос Папас по потпишувањето на договорот за соработка.

Шефот на НАСА, Џим Бриденстин истакна дека НАСА со глобален сојуз ќе оди и ќе остане на Месечината.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски