Многу висок ризик од пожари, ризична категорија 4, се предвидува за утре во регионите на Атика, Пелопонез и Крит, како и во областите на централна Грција, Северен Егеј, Западна Грција, Источна Македонија и Тракија.
На граѓаните им беше препорачано да бидат особено внимателни и да избегнуваат активности на отворено кои може да предизвикаат пожар од невнимание, како што се палење сува трева и гранки, употреба на машини кои предизвикуваат искри како кружни пили, апарати за заварување, користење скари на отворено, фрлање запалени цигари и сл.
Исто така, се потсетува дека во сезоната на противпожарна заштита е забрането палење ниви.