Грција утре ги добива првите 10.000 дози од вакцината, „Операција Слобода“ започнува во недела

Од:

Првата пратка од 9.750 дози на вакцината за Ковид-19 на производителите Фајзер и Бионтек, се очекува утре да пристигне во Грција, а веќе во недела и официјално да започне вакцинацијата во земјата, која властите ја нарекоа „Операција Слобода“.

Според грчката телевизија „Мега“, камионите со вакцините во земјата ќе влезат преку граничниот премин „Промахонас“ од Бугарија и веднаш ќе започне спроведувањето на планот „Хипократ“ на грчката полиција за безбедно да пристигнат во магацините со фрижидерите во Атина.

На целиот пат, камионите ќе бидат под полициско обезбедување, а и магацините ќе бидат под 24-часовен надзор.

Вакцините ќе бидат сместени во специјални фрижидери за длабоко замрзнување, од каде што ќе се пренесуваат во центрите за вакцинација кои се вкупно 1.018 во цела Грција.

„Операцијата Слобода“, односно вакцинацијата ќе започне во недела, веројатно точно напладне, а првите вакцини ќе ги примат повозрасен граѓанин, медицинско лице, но и грчкиот премиер и претседателката на Грција.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он