Грција светски рекордер по бројот на одржани протести

Од:

Над 27 илјади протести и демонстрации се одржале во Грција за период од пет години, соопшти денеска грчкиот весник „Катимерини“.

Според официјалните податоци на грчката полиција, во периодот од 2010 до 2015 година во змејата имало вкупно 27.103 демонстрации или во просек 15 на ден, што претставува светски рекорд.

Главно место за демонстрациите бил центарот на Атина.

Во централните области на главниот град во 2010 година се одржале 4.268 демонстрации.

Следните години, сепак нивниот број драстично се намали и во 2015 година, биле одржани вкупно 1.157 протести.

Податоците од грчката полиција покажуваат дека бројот на учесниците во демонстрациите исто така не е постојан.

Во 2012 година учествувале во просек над илјада лица, но во демонстрациите во првите два месеци од оваа година учествувале по околу дваесетмина.

За време на протестите, во петгодишниот период, се регистрирани голем број случаи на насилство, судири, интервенции на полицијата и вандализам.

Би можело да ве интересира

Грчки медиуми: Сиљановска вели дека се однесуваат одговорно кон Договорот од Преспа, се сомнева дали истото важи и за Грција

Туристите и граѓаните на Грција добија предупредување за лошо време на северот од земјата

Грција гори, жителите спас бараат во морето

Предраг Петровиќ

Во Грција исчезна петгодишното момче Игор од Србија

Горан Наумовски

Голем шумски пожар во близина на Атина: Пожар зафати куќи, бројни пожарникари и 17 авиони учествуваат во гаснењето

Голем пожар на грчкиот остров Серифос во Егејското Море