Грција, со специјална програма, на бегалците ќе им овозможи студирање

Од:

Грција учествува во специјална програма, која на бегалците ќе им овозможи да следат настава на универзитетите, информира електронското издание на грчкиот весник „Прото тема“, пренесува БТА.

Програмата, наречена „Меѓународен пасош за студенти“, се реализира во соработка со Советот на Европа и агенциите за нострифицирање на дипломите во Италија, Норвешка, Велика Британија и Грција.

Во Атина ќе пристигне комисија со претставници од различни европски држави, кои во соработка со експертите на грчкото Министерство за образование, ќе ги изготват критериумите за влез во светските универзитети.

Меѓународната делегација треба да изготви критериуми по кои ќе се признава обуката на мигрантите во нивните матични држави.

Овие критериуми ќе важат на европско ниво и треба да бидат готови до крајот на годината.

Би можело да ве интересира

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до договорот за промена на името

Орце Костов

Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано, нова порака од Грција

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска