Грција: Работници наместо пари заработиле куршуми

Од:

Полицијата на западен Пелопонез трага по три напаѓачи кои повредија 28 работници од Бангладеш на плантажа со јагоди.

Инцидентот се случи откако 200 берачи на јагоди отишле кај работодавачот барајќи да им биде исплатена плата за шест месеци, колку што работеле.
Полицијата ги истражува расистичките мотиви за нападот во Маноладас Илијас, град познат по напади на имигранти.

Експертот за имиграциониот закон и професор на Атинскиот Универзитет, Димитрис Христопулос, вели дека нападот е резултат на долгогодишна толеранција на напаѓачите во слични случаи.

Според изјавите на полицијата и очевидците, околу 200 работници се собрале на фарма во Маноладас Илијс во среда попладне, бидејќи им била ветена исплата на заработувачката за изминатите шест месеци.

Наместо пари, се појавил сопственикот на плантажата со три вооружени надзорници кои на работниците им рекле да се вратат на работа.

Откако работниците одбиле дошло до судир, во кој надзорниците отвориле оган врз нив.

Од 28 повредени, 18 се пренесени во болница во Пиргос, а останатите се префрлени во Патрас.

Според портпаролот на полицијата седуммина се сериозно повредени, но никој не е во критична здравствена состојба.

Полицијата притвори две лица кои се во врска со пукотницата. Едниот од нив е на 57-годишна возраст и поседува плантажа за јагоди, а другиот кој има 38 години е обвинет дека ги прикривал надзорниците откако побегнале од местото на настанот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица