Грција: Притвор за 12 хулигани осомничени за убиството на навивачот Михалис Кацурис

Од:

Од 30-те хулигани кои денеска се појавија пред истражните судии во Атина поради нередите во атинската населба Нова Филаделфија, кога беше убиен навивачот на АЕК Михалис Кацурис, 12 од нив се задржани во притвор.

Покрај Грците и Албанците, приведени се и десет хрватски државјани, пренесува порталот Прототема.

Обвинетите хулигани најмногу тврдеа дека се нашле на погрешно место во погрешно време и дека не биле вклучени во инцидентите.

Изјавите на првите 30 обвинети се воделе истовремено пред тројца истражители.

Сите тие категорично негираа учество во крвавите настани во Нова Филаделфија, како и вмешаност во смртоносната повреда на 29-годишниот Кацурис.

Приведените 27-годишен Грк и 22-годишен Албанец изјавиле дека на местото на инцидентот биле само „минувачи“.

Во сабота пред истражни судии и јавни обвинители треба да се појават уште 30 обвинети, а во недела ќе се изјаснат останатите 45 приведени.

Непознато лице се уште е обвинето за убиството на 29-годишен навивач на АЕК.

Грчките медиуми објавија дека истрагата го намалила кругот на осомничени на пет лица и тоа тројца грчки државјани, еден Хрват и еден Албанец.

Би можело да ве интересира

Ликвидација во Бања Лука – викна „немој, немој, застани“, па на паркинг испукани се кон него 25 куршуми

А1он

Обвинителство: Ja убил партнерката пред петгодишно дете, па сакал да избега

Шест лица се уапсени за тројно убиство во фризерски салон во градот Упсала

Убиство во Скопје: Си ја уби сопругата, па сакаше да избега во Србија

Горан Наумовски

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он